Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на „беспрекорна лојалност и подреденост“ на привремената претседателка Делси Родригез на церемонија во Фуерте Тиуна, милитаризирана област во Каракас, каде што американските сили го заробија претседателот Николас Мадуро на 3 јануари.
Родригез, која важеше за една од најлојалните помошнички на Мадуро, на 5 јануари положи заклетва како претседателка на Венецуела. Таа го осуди апсењето на поранешниот лидер како кршење на меѓународното право.
Родригез е официјален преговарач на Каракас со Вашингтон за управувањето со огромните нафтени резерви на Венецуела.
Таа на церемонијата ги повика опозиционерите кои го избрале „екстремизмот да останат во Вашингтон“, алудирајќи на лидерката на опозицијата и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.
- Кој навистина ја сака Венецуела, нека се врати, а оние кои сакаат злото и агресијата против венецуелскиот народ да продолжат засекогаш, нека останат во Вашингтон! Тие нема да влезат тука и да го загрозат мирот и спокојството на Републиката: ќе има легалност, ќе има правда. Отворени сме за договор, за дијалог, но не и за нов чин на агресија, истакна Родригез.

