Почнаа мировните разговори во Женева- Украина преговара со САД и делегации од Британија, Франција и Германија

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почнаа мировните разговори во Женева- Украина преговара со САД и делегации од Британија, Франција и Германија

Јермак појасни дека првата средба е одржана со советници од Обединетото Кралство, Франција и Германија - Џонатан Пауел, Емануел Боне и Гинтер Заутер. Тој исто така најави дека ќе следи средба со американската делегација.

„Многу сме конструктивни. Генерално, за денес се планирани серија состаноци во различни формати. Продолжуваме да работиме заедно за да постигнеме одржлив и праведен мир за Украина“, рече Јермак.

Сите разговори се водат во тајност, а по нивното завршување се очекуваат нови информации.

Кој учествува во преговорите во Женева?

Соединетите Американски Држави ги претставуваат државниот секретар Марко Рубио и Стив Виткоф, специјалниот дипломатски претставник на американскиот претседател за надворешни работи.

Украинската делегација ја предводат Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Зеленски, и Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност. Според достапните информации, со нив во Женева се и други украински претставници. Во име на Обединетото Кралство, во разговорите учествува Џонатан Пауел, советник за национална безбедност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата