Зеленски во објава на Телеграм рече дека „повеќе од 800 дронови и 13 ракети, од кои четири се балистички“, ја погодиле Украина преку ноќ, објави Укринформ.
Повикувајќи се на извештаи дека жена (32) и нејзиното двомесечно дете биле убиени во Киев, Зеленски рече дека таквите убиства, во време кога „вистинската дипломатија можеше да започне одамна“, претставуваат „намерен злостор и продолжување на војната“.
Украинскиот претседател ги повика сојузниците да „спроведат сè што беше договорено“, откако „Коалицијата на волјата“ се состана во Париз оваа недела за понатамошни разговори за безбедносните гаранции за Украина.
„Светот може да ги принуди криминалците од Кремљ да престанат да убиваат, сè што е потребно е политичка волја“, заклучи Зеленски.