По 738 дена во заробеништво преживеаните израелски заложoници од Газа се вратија дома

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 738 дена во заробеништво преживеаните израелски заложoници од Газа се вратија дома

 Плоштадот на заложниците во Тел Авив ечеше од еуфорија, додека возилата на Црвениот крст со заложниците се пробиваа по улиците на енклавата кон израелската граница. Прво заминаа на прегледи во три болници, а потоа следуваше моментот на вистината и прегратки со најблиските. 

-Тој е во ред. Тој изгледа добро. Личи на себе, можеби изморено и со емоции. Според фотографијата изгледа како да бил на патување во Газа. , изјави мајка на заложник.

-Две годни ги чекаме заложниците да се вратат дома. Војната да престане, војниците да се вратат дома. Ова е историски ден, ова е среќен ден. , изјави жителка на Тел Авив.

-Само се молам сите да бидат здрави и силни. , изјави жителка на Тел Авив.

Додека израелските заложници пристигнуваа дома, и американскиот претседател Трамп пристигна во Тел Авив за да го овековечи најголемиот дипломатски успех досега во двата мандата.  Следуваа 4-минутни овации во Кнесетот, а тој стана четвртиот американски претседател што некогаш се обратил во парламентот. Неговиот говор не го пореметија ниту транспарентите и негодувањата на двајца израелски левичарски пратенци, кои беа експресно исфрлен од салата. Започнува златна ера за целиот регион, рече Трамп.  

-Ова не е само крај на војна. Ова е крај на ерата на терор и смрт и почеток на ерата на верата и надежта и на Бога. Тоа е почеток на голема согласност и трајна хармонија за Израел и сите нации од она што наскоро ќе биде навистина прекрасен регион. Цврсто верувам во тоа. Ова е историската зора на еден нов Блиски Исток. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

-Доналд Трамп е најголемиот пријател на Израел што некогаш бил во Белата куќа. Ви благодарам што се спротивставивте на лагите против Израел во Обединетите нации. , изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Еуфоријата попладнево од Израел се прелеа и во Рамалах, каде согласно договорот, речиси две илјади палестински затвореници со автобуси пристигнаа на Западниот Брег, откако беа ослободени од израелските затвори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата