Пезешкијан: Иран ќе одговори поцврсто на секоја нова американско-израелска агресија

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пезешкијан: Иран ќе одговори поцврсто на секоја нова американско-израелска агресија

Во интервју за веб-страницата Khamenei.ir, Пезешкијан изјави дека Иран е помоќен во споредба со времето на американско-израелската агресија.

„Нашите воени сили си ја вршат својата работа и сега се посилни во однос на опремата и човечката сила, и покрај сите проблеми што ги имаме, отколку во времето на нападот. Значи, ако сакаат да нападнат, природно ќе се соочат со порешителен одговор“, рече Пезешкијан, пренесува агенцијата Мехр.

Тој изјави дека неговата земја е под економски, воен, политички, безбедносен и пропаганден притисок и дека САД, Израел и Европа не сакаат „Иран да застане на нозе“.

Пезешкијан ја опиша ситуацијата како „посложена и потешка“ од осумгодишната иранско-ирачка војна, во која, како што изјави, „сè беше познато“.

„Сега притисоците доаѓаат од сите правци - во исто време врз егзистенцијата, политиката, културата и безбедноста“, истакна тој.

Тој нагласи дека зачувувањето на единството на нацијата е најдобриот избор во услови на потенцијална агресија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата