Песков: Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, но ситуацијата е вонредна

16.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, но ситуацијата е вонредна

„Забележуваме многу контрадикторна ситуација. Тргнуваме од претпоставката дека Гренланд е територија на Кралството Данска. Слушнавме изјави и од Данска и од самиот Гренланд дека и едните и другите немаат намера никому да му го продаваат. А слушнавме и изјава од Вашингтон дека Вашингтон формулира парична понуда за стекнување на Гренланд во една или друга форма“, рече Песков, пренесен од руските медиуми.

Тој ја нарече ситуацијата во врска со Гренланд необична и вонредна.

„Ситуацијата е необична, дури би рекол и вонредна од гледна точка на меѓународното право. Но, од друга страна, со оглед на тоа што претседателот Трамп е во Вашингтон, самиот рече дека меѓународното право не му е приоритет. Затоа ситуацијата се развива по поинаков пат“, рече Песков.

Како што изјави, Русија, како и остатокот од светот, ја следи ситуацијата во врска со Гренланд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата