Пакистан и Саудиска Арабија потпишаа договор за меѓусебна одбрана

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистан и Саудиска Арабија потпишаа договор за меѓусебна одбрана

„Овој договор, кој ја потврдува заедничката посветеност на двете земји за зајакнување на безбедноста и постигнување безбедност и мир во регионот и светот, има за цел да развие аспекти на одбранбената соработка меѓу двете земји и да го зајакне меѓусебното одвраќање од агресија“, се вели во соопштението од канцеларијата на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

-Секоја агресија против која било земја ја смета за агресија против двете земји, се вели во него. Се додава дека тоа е зајакнување на децениско безбедносно партнерство.

Пакистан поседува нуклеарно оружје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата