Падна авион во Тихиот Океан во близина на брегот на Калифорнија- пронајдени се три тела

28.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна авион во Тихиот Океан во близина на брегот на Калифорнија- пронајдени се три тела

Спасувачките екипи биле алармирани доцна во саботата навечер по пријавите за авионска несреќа во близина на Поинт Пинос во округот Монтереј во Калифорнија, соопшти американската крајбрежна стража, објави денеска АП.

Сведоци рекоа дека прво го слушнале моторот на авионот, а потоа авионот како удира во површината на океанот, објави локалната телевизиска станица KSBW.

Луѓето на брегот подоцна пријавиле дека ги виделе остатоците од урнатиот авион на брегот на Поинт Пинос.

Авионот со два мотора „Beach 95-B55 Baron“ со три лица во него полетал од аеродромот Сан Карлос во 22:11 часот и последен пат бил виден во 22:37 часот во близина на Монтереј, според податоците за следење на летот од FlightAware.com.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата