Орбан: Унгарија не прифаќа диктат од Брисел во надворешната политика

25.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан: Унгарија не прифаќа диктат од Брисел во надворешната политика

Во изјава за државното радио „Кошут“, тој критички зборуваше за украинската криза, истакнувајќи дека Киев ја пропуштил шансата за примирје и го влошил својот воен статус, пренесува порталот Хунгариан конзерватив.

Орбан нагласи дека „времето не работи во корист на Украина“ и дека земјата „продолжува да ја губи војната против Русија“. Според него, Унгарија уште во јули 2024 година му понудила посредничка улога на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но Киев ја одбил иницијативата, избирајќи продолжување на конфликтот.

– Јас јасно реков дека ова е војна која е „изгубена или ќе биде изгубена“, бидејќи никој не победил нуклеарна суперсила, порача Орбан, повикувајќи на разум и дипломатски пристап наместо следење на интересите на големите сили.

Тој додаде дека „висока цена на конфликтот не ја плаќаат Унгарците, туку Украинците“ и дека Будапешта ја употребила својата позиција за да придонесе кон мирот, но „секој е архитект на својата судбина“.

Во текот на претходната година, Орбан разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин, нудејќи модел за прекин на огнот и подготвка за преговори, без поддршка од западните партнери.

Орбан, во изјавата за Кошут, побара и појасен геополитички статус на Украина, појавувајќи се како ретка земја-членка на ЕУ која, според него, застапува реална и национална независност, а не „послушност на бирократија од Брисел“.

Неговата визија за мир вклучува директен дијалог меѓу големите сили. Во овој контекст, Орбан претходно истакна дека лична средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп е единствениот реалистичен начин за завршување на војната, што претставува уште едно отстапување од вообичаената реторика на ЕУ. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата