Од продажба во САД повлечени 20 милиони јајца откако 21 лице се зарази со салмонела

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од продажба во САД повлечени 20 милиони јајца откако 21 лице се зарази со салмонела

Јајцата, што беа дистрибуирани од August Egg, се продавани во голем број малопродажни објекти, вклучувајќи ги Walmart и Safeway Stores, помеѓу 3 февруари и 19 мај.

Според ФДА, јајцата се во продажба од 4 март.

Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека е започната истрага за појавата на салмонела. Во седум американски држави, вкупно 79 лица кои ги консумирале овие јајца се разболеле од салмонела.

Калифорнија регистрирала најголем број случаи, 63, додека Невада и Вашингтон имале по четири случаи, а Аризона, Њу Џерси, Небраска и Кентаки пријавиле по три случаи.

Во САД претходно оваа година имаше недостиг од јајца поради епидемија на птичји грип, по што нивната цена скокна на рекордно високо ниво, но се стабилизираше откако епидемијата се забави. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата