Норвешки доктор е осуден за силување десетици пациентки

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Норвешки доктор е осуден за силување десетици пациентки

Поранешниот матичен доктор Арне Баје е осуден по 70 точки за силување и сексуален напад. Тој е осуден и по 82 точки за злоупотреба на лекарската функција, според норвешките медиуми.

Речиси сите злосторства се случиле за време на медицински прегледи што Баје ги вршел врз своите пациенти додека работел како лекар во малиот норвешки град Фроста - заедница со помалку од 3.000 жители.

На Баје му е забрането и да се занимава со медицина и му беше наредено да плати отштета.

Судот расправаше за обвинението, кое вклучуваше обвинувања од 94 жени за речиси две децении, јавија норвешките медиуми. Во ординацијата тој тајно поставил камера со која ги снимал пациентките.

Баје се изјасни за виновен за некои од злосторствата. Судот ја читаше пресудата повеќе од еден час. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата