„Без оглед на тоа што може да се случи со медалот, дипломата или паричната награда, оригиналниот лауреат е и останува запишан во историјата како добитник на наградата“, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет.
Додаде дека статутот на Нобеловата фондација не предвидува никакви ограничувања за располагање со медалот, дипломата или паричната награда, што значи дека лауреатот има право да ги задржи, подарува, продава или донира наградите.
Објавата дојде еден ден откако добитничката на наградата, лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, му предаде дел од својата награда, златен медал, на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ се заблагодари за тоа, објави Ројтерс.
"The Nobel Prize and the Laureate Are Inseparable."
— Nobel Peace Center (@NobelPeaceOslo) January 16, 2026
Read the full press release from the Norwegian Nobel Committee here:https://t.co/YLGniNg6lq
Белата куќа објави фотографија од Трамп и Мачадо на која американскиот претседател држи голема, позлатена рамка во која се наоѓа Нобеловиот медал, а функционер на Белата куќа потврди дека Трамп има намера да го задржи. Нобеловата награда за мир, покрај златниот медал, вклучува диплома и парична награда од 11 милиони шведски круни (околу 1,19 милиони долари).

