Нешто чудно се случува со водата во Средоземното Море, се огласија метеоролозите и научниците

1.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нешто чудно се случува со водата во Средоземното Море, се огласија метеоролозите и научниците

Службата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ соопшти дека податоците покажуваат дека температурите на површината на морето на 22 јуни биле за пет степени Целзиусови над сезонскиот просек, објави Ројтерс.

Се вели дека најинтензивното затоплување на Средоземното Море е забележано во западниот медитерански басен, вклучувајќи го Балеарското Море покрај брегот на Шпанија и Тиренското Море покрај западниот брег на Италија.

„Во јуни видовме температури што ги очекувавме во средината на август, па затоа ова се смета за рекордна година за температурите на водата во Средоземното Море“, рече Христос Спиру, истражувач на Академијата за атмосферска физика при Атинската академија на науките.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата