Насри Асфура прогласен за победник на претседателските избори во Хондурас

25.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Насри Асфура прогласен за победник на претседателските избори во Хондурас

Изборната комисија соопшти дека Асфура од Националната партија освоил 40,3 проценти од гласовите, додека неговиот противник од централно-десничарската Либерална партија, Салвадор Насралах освоил 39,5 проценти.

Официјалните резултати беа одложени поради технички проблеми и наводи за изборна измама. Поради малата разлика во гласовите и хаотичниот систем за броење гласови, 15 проценти од гласовите беа преброени рачно.

По објавувањето на официјалните резултати, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика сите партии во Хондурас да го прифатат исходот од изборите.

- САД ги повикуваат сите партии да ги почитуваат потврдените резултати за да можат институциите на Хондурас брзо да обезбедат мирен трансфер на власта на новоизбраниот Насри Асфура, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Марко Рубио. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата