Насилниот тајфун годинава ги погоди Филипините- десетици милиони луѓе на удар на „Рагаса“

22.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Насилниот тајфун годинава ги погоди Филипините- десетици милиони луѓе на удар на „Рагаса“

Тајфунот го погоди островот Пануитан во северната филипинска покраина Кагајан, со ветрови од над 267 км/ч, што е еквивалентно на ураган од категорија 5, соопшти Филипинската метеоролошка агенција (PAGASA).

Се проценува дека десетици милиони луѓе се погодени од тајфунот, кој се очекува да помине низ делови од Филипините пред да ги погоди Хонг Конг и Кина.

Во соседните области, властите објавија неколку превентивни мерки за заштита на цивилите пред да удри тајфунот, вклучувајќи затворање на училишта, прекин на клучните транспортни врски и наредби за евакуација.

Во Кина, властите се подготвуваат да евакуираат 400.000 луѓе од ниските и крајбрежните области на Шенжен.

Во северната покраина Гуангдонг, железничките власти објавија постепено прекинување на возовите во вторник.

Локалните власти во Тајван издадоа предупредување за копнен и морски сообраќај.

„Катај Пацифик Ервејс“ ќе ги прекине летовите до и од Хонг Конг во вторник вечерта, според АП, при што се очекува да бидат откажани повеќе од 500 летови.

Сите училишта во Хонг Конг ќе бидат затворени од вторник до среда, соопшти владата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата