Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота

Во градовите Бруклин Парк, Чамплин и други делови на Минесота рано утрово се случија пукотници во домовите на политичари од редовите на Демократската партија, при што најмалку три лица се повредени, а осомничениот, преправен во полицаец, сè уште е во бегство, соопшти полицијата.

Првиот напад се случил по 2 часот наутро во Чамплин, во домот на државниот сенатор Џон Хофман, член на Сенатот на Минесота од 2013 година. Две лица биле застрелани, но нивниот идентитет сè уште не е потврден.

Второто пукање се случила неколку километри јужно, во Бруклин Парк, во домот на друг демократски законодавец, чие име не е објавено, каде што е повредена најмалку една личност.

Полицијата на Бруклин Парк во 5:30 наутро испрати итно известување до граѓаните, соопштувајќи дека трага по осомничен поврзан со неколку насочени пукотници. „Осомничениот е белец со кафеава коса, носи црн панцир врз сина кошула и сини панталони и може лажно да се претставува како полицаец“, соопшти полицијата, предупредувајќи дека е вооружен и опасен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата