Најмалку 16 загинати при пад на авион врз училишен двор во Дака

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 16 загинати при пад на авион врз училишен двор во Дака

Според други извори, загинале најмалку 19 луѓе.

Авионот од кинеско производство, модел F-7BGI, се урнал пред влезот на двокатната гимназија „Мајлстоун Скул енд Колеџ“ во северниот дел на главниот град во попладневните часови.

Во моментот на падот, многу деца биле присутни во училиштето, кое е наменето за ученици од основно до 12-то одделение.

Шеснаесет лица загинаа во несреќата, изјави Саједур Рахман, помошник на шефот на привремената влада, Мухамед Јунус. Рахман разговараше со новинарите во Институтот за изгореници и пластична хирургија во Дака, каде што беа однесени многу од повредените.

Тој додаде дека повеќе од 100 лица се на лекување во различни болници.

Владата утрешниот ден го прогласи за ден на национална жалост, за да им се оддаде почит на загинатите, изјави Асиф Назрул, висок член на кабинетот на Јунус.

Каледа Катун, дежурен службеник во контролната соба на противпожарната служба и цивилна заштита, изјави дека девет противпожарни возила работеле на гаснење на пожарот на местото на несреќата.

Причината за падот сè уште не е позната. Владата соопшти дека ќе започне истрага.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата