47 годишниот Даниел Андреас Сан Диего наводно извршил два бомбашки напади во областа на Сан Франциско во 2003 година, за кои одговорноста ја презеде група за права на животните, пишува „Скај њуз“.
Даниел Сан Диего беше уапсен во ноември 2024 година на рурален имот во близина на шума во Конви, Северен Велс, каде што живеел под лажен идентитет како Дени Веб.

Тој бил идентификуван по карактеристична тетоважа на градите на која пишуваше „сè што е потребно е искра“.
Даниел е додаден на листата на најбарани терористи на ФБИ во 2009 година како прв наводен домашен терорист, и бил на листата заедно со имиња како што е покојниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Одлука на судот Судијата Семјуел Гузи од Вестминстерскиот магистратен суд во Лондон во петокот пресуди дека нема пречки за екстрадиција на Сан Диего во САД.
Конечната одлука ќе ја донесе министерот за внатрешни работи, што се смета за формалност. Сан Диего има право да поднесе жалба до Високиот суд.

