На изборите во САД демократите обезбедија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот

4.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На изборите во САД демократите обезбедија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот

Со победи во Тексас, Ајова, Канзас и Јужна Каролина, демократите досега освоија 53 места во Сенатот, наспроти 42 за републиканците, со што го обезбедија мнозинството во горниот дом на Конгресот. Демократите водат и во Претставничкиот дом, каде засега имаат 220 места, наспроти 127 за републиканците.

Според американските медиуми гласањето прерасна во своевиден референдум за политиките на Доналд Трамп, кого многу гласачи во САД го сметаат за одговорен за растот на цените и за влошената економска состојба.

Сепак, Трамп иако ја честиташе неофицијалната победа на демократите во исто време за поразот ги обивни и дел од медиумите, како Фокс њуз кои важат за блиски до републиканците, поради како што рече тоа што имале многу гости од демократите.

„Малку сум изненаден, мислев дека ќе направиме подобри резултати. Како што знаете, правото на вето е едно од најсилните овластувања што ги има претседателот. Ќе ми испраќаат неразумни предлози, а јас ќе ставам вето. И по неколку месеци ставање вето, ќе ми се јават и ќе ме прашаат како да ги средиме овие работи, па ќе ги решиме работејќи заедно. Имам многу пријатели кај демократите, верувале или не.“ изјави Доналд Трамп.

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја поздрави победата на демократите, оценувајќи дека гласачите испратиле јасна порака оти сакаат политика што обединува и лидери што нудат конкретни решенија. Едно од најзначајните појавувања во кампањата беше покрај прогресивниот демократ Абдул Ел-Сајед, кој ја освои трката за американскиот Сенат во Мичиген, станувајќи првиот муслиман избран во горниот дом на Конгресот.

„Мичиген, успеавме! Јас се викам Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед и чувствувам огромна гордост и чест што стојам овде како ваш новоизбран сенатор од големата сојузна држава Мичиген. Можеби сте забележале дека сè до овој момент секогаш велев ‘иншала’, односно ‘ако даде Бог’, секогаш кога ќе се споменеше исходот од оваа трка. Но денес, вечерва, тоа ‘иншала’ можеме да го претвориме во ‘алхамдулила’, односно ‘фала му на Бога’.“- изјави Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед.

Аналитичарот Џефри Сакс оценува дека изборниот исход значително ја ослабнал политичката позиција на Трамп, ќе му создаде проблеми, но и може да отвори нов простор за дипломатски решенија за Иран и Украина.

„Неговата способност да управува со настаните сега е драматично помала отколку што беше вчера. Пораката до него е јасна и категорична. Во таа смисла, тоа е важно. Дали ќе се налути? Не сум психолог за да кажам. Мислам дека е интересно што веднаш рече дека ги прифаќа резултатите и дека ќе соработува со демократите. Ова е невообичаено за Трамп. Но, во американската политика, ова значи дека е крај на трампизмот. Тоа е она што е важно. изјави - Џефри Сакс.

Победата на демократите значи нов политички баланс во Вашингтон и значително потешки последни две години од мандатот на Трамп, со посилна контрола врз неговата администрација, можни конгресни истраги и поголеми пречки за спроведување на неговите политики.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата