Москва: Руските сили уништија две радарски станици и два лансера „Патриот“ во Украина

5.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москва: Руските сили уништија две радарски станици и два лансера „Патриот“ во Украина

 Руските вооружени сили уништиле два лансера и две радарски станици на противвоздушниот ракетен систем „Патриот“ во Украина, а исто така погодиле и инфраструктура на воени аеродроми на украинската армија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека „оперативно-тактичката авијација, ударните беспилотни летала, ракетните трупи и артилеријата на вооружените сили на Руската Федерација уништија два лансери и две радарски станици AN/MPQ-65 на  противвоздушниот ракетен систем Патриот, произведен во САД“. Се додава дека во нападот е оптетена украинска „инфраструктура на воени аеродроми, складишта за гориво и военотехничка опрема, работилници за монтажа и места за складирање на ударни беспилотни летала, како и привремени точки на распоредување на формации на вооружените сили на Украина“.

Министерството за одбрана, исто така, објави дека во текот на изминатите 24 часа, руските воздушни одбранбени сили собориле проектил од повеќекратен ракетен систем ХИМАРС, наведувана ракета со долг дострел „Нептун“, три наведувани авио-бомби и 371 беспилотно летало.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата