Организацијата со седиште во Вашингтон ја задржа претходната прогноза за економскиот раст на Украина во 2025 година во опсег од два до три проценти, додека во 2026 година се очекува економскиот раст да се забрза на 4,5 проценти - доколку ситуацијата во земјата се нормализира, објавува агенцијата УНИАН.
Според проценките, инфлацијата во Украина треба да падне на девет проценти до крајот на оваа година, благодарение на намалувањето на цените на храната во втората половина од годината и рестриктивната монетарна политика.
Фондот, исто така, укажува на растечката потреба на Украина за финансирање на трошоците за одбрана. Планиран е дополнителен буџет што би ги зголемил воените трошоци за 5,8 проценти од БДП, што претставува значителен товар за фискалната стабилност на земјата.
ММФ првпат напролет изјави како основно сценарио во својата ревизија на прогнозата дека војната во Украина ќе заврши до крајот на 2025 година.
Сепак, неодамна објавената анализа на американскиот медиум CNN покажува дека војната би можела да продолжи во 2026 година поради бавниот напредок на руската офанзива и сложената ситуација на теренот.