Мерц до Нетанјаху: Веднаш дејствувајте за спас на цивилите во Газа

27.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц до Нетанјаху: Веднаш дејствувајте за спас на цивилите во Газа

- Канцеларот ја изрази својата длабока загриженост поради катастрофалната хуманитарна состојба и го повика премиерот Нетанјаху да постигне итен прекин на огнот, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус.

Берлин соопшти дека чекорите најавени од израелската влада мора итно да бидат следени со конкретни и подлабоки мерки.

Во наредните денови, Германија, во координација со Франција, Обединетото Кралство, САД и некои арапски држави, ќе одлучува како може да придонесе за ублажување на кризата.

Т.н. група Е3 – Германија, Франција и Велика Британија – во петокот повика на итен прекин на огнот и безусловно ослободување на сите израелски заложници кои се наоѓаат во рацете на Хамас. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата