Според UNN, причина за масовното труење бил познатиот ресторан „Chinese Hello“, каде што сите заразени лица претходно го консумирале десертот „Singapore Cheesecake“.
Според информациите што ги објави UNN, повикувајќи се на Окружниот центар за контрола и превенција на болести, присуството на бактеријата Salmonella enteritidis, која е честа и опасна причина за труење со храна, е потврдено кај двајца пациенти со лабораториски тестови.
Сите го консумирале истиот десерт
Епидемиолошкиот тим на Центарот веднаш започнал истрага. Сите пациенти во болоница биле прегледани, а врз основа на нивните изјави, експертите утврдиле кои производи ги консумирале. Случаите се поврзани со една заедничка точка - сите болни го консумирале гореспоменатиот десерт.
Како дел од истрагата, властите зедоа 16 примероци од храна, 30 површински брисеви, 2 примероци од вода за пиење за микробиолошка анализа и 1 примерок за вирусолошко истражување од ресторанот. Персоналот на ресторанот, исто така, бил прегледан, а просторот бил темелно дезинфициран синоќа.
Од Центарот велат дека интензивно се работи на утврдување на изворот на инфекцијата и факторите што ја пренесуваат болеста, додека сите служби се вклучени во локализацијата и спречувањето на понатамошно ширење на инфекцијата, пренесува Индекс.