Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

21.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

Нема преживеани Мал авион со осум лица се урна во оддалечен дел на Алјаска и, според последните информации, никој не преживеал.

Командата за Алјаска ја потврди несреќата на авионот и соопшти дека нема преживеани, пренесува Ројтерс.

Раководителот на Националниот одбор за безбедност во транспортот за регионот на Алјаска, Клинт Џонсон, претходно изјави дека во авионот имало двајца пилоти и шестмина патници.

Според Федералната управа за авијација на САД (FAA), авионот „Цесна 441“, кој полетал од Анкориџ, бил на пат кон радарската станица Кејп Њуенхам и се урнал западно од аеродромот.

Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата