Макрон: Следниот самит на Г7 ќе се одржи во Евијан во 2026 година

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон: Следниот самит на Г7 ќе се одржи во Евијан во 2026 година

Франција ќе го преземе претседателството со Г7 во јануари 2026 година од Канада. Франција последен пат беше домаќин на самитот во Бијариц во 2019 година.

Групата седум водечки либерални демократии ја сочинуваат Германија, Велика Британија, Канада, САД, Франција, Италија и Јапонија, како и Европската унија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата