Мајката го оставила девојчето во автомобилот во 6 часот наутро, отако се одвезла до фабриката, објави ABC News.
Шефот на полицијата изјавил дека жената тврдела дека го оставила детето во автомобилот со шише вода и дека прозорецот делумно бил спуштен.
„Не знаеме дали некој го проверил детето во текот на денот“, рекол тој.
Мајката повикала полиција и брза помош кратко по 14 часот. Лекарите се обиделе да го оживеат девојчето.
Таа била однесена во локална болница, но набргу потоа била прогласена за мртва.
„Детето го загубило животот по туѓа вина. Вакви ситуации можат да бидат фатални за мало дете. Температурата кај децата се зголемува многу побрзо од кај возрасните“, додаде шефот.
Тој рекол дека мајката веднаш била уапсена, но ги моли сите да имаат разбирање, бидејќи таа е во многу сериозна ментална состојба поради сè што се случило.