Како што објави МААЕ на платформата Икс, поправката почна откако страните се согласија за привремено прекинување на судирите, пренесува Укринформ.
„Во близина на нуклеарната централа Запорожје почнаа важни работи за поправка на далноводот, по уште еден локален прекин на огнот договорен со посредство на МААЕ“, наведе директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, во објавата на Икс.

