Лажен доктор вршел операции, гледајќи од Јутјуб како се прави- му починал тинејџер

9.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лажен доктор вршел операции, гледајќи од Јутјуб како се прави- му починал тинејџер

Момчето било примено во локална болница во Патна, Бихар. Тој наводно имал тешко повраќање, објави Експрес трибјун.

Лекарите му дијагностицирале камења во жолчката и препорачале операција, но семејството првично одбило, верувајќи дека тој се опоравил откако примил инфузија.

Меѓутоа, Аџит Кумар, кој се претставил како лекар, подоцна инсистирал дека операцијата е неопходна.

За време на операцијата состојбата на момчето се влошила и Кумар и неговиот персонал го оставиле на скалите на поголема болница.

Момчето набрзо било прогласено за мртво.

Семејството поднело жалба до локалната полиција, обвинувајќи го Аџит Кумар за невнимание и малтретирање.

Тие тврдат дека тој немал никакви квалификации или искуство и дека неговите постапки довеле до смрт на тинејџерот.

Против неквалификуваниот лекар и персоналот на неговата клиника е поднесено обвинение.Полицијата спроведува рации за апсење на Кумар и неговите соработници.

Телото на тинејџерот е испратено на обдукција. Клиниката е запечатена до завршување на истрагата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата