Лавров: Западот се обидува да ја преправи историјата

20.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров: Западот се обидува да ја преправи историјата

- Постојат цинични обиди да се преправи историјата, да се намали одлучувачката улога на народот на Советскиот Сојуз и Црвената армија во поразот на нацистичка Германија, да се оправдаат нацистите и нивните послушници и окупаторите да се изедначат со ослободителите, изјави Лавров во видео-обраќањето на Меѓународниот научно-практичен форум „Без застарување. Нирнберг. 80 години“.

Тој посочи дека Западот денес ги игнорира заклучоците од Нирнберг и лекциите од Втората светска војна.

- Ова денес е најочигледно во Украина, каде што, како резултат на државниот удар поддржан од НАТО во 2014 година, сили опседнати со омраза кон сè што е поврзано со Русија, ја презедоа власта, истакна Лавров.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата