Лабуристите победија на парламентарните избори во Норвешка, извесен нов мандат за премиерот Сторе

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лабуристите победија на  парламентарните избори во Норвешка, извесен нов мандат за премиерот Сторе

Лабуристите добија 28,2 отсто од гласовите, соопшти норвешката изборна комисија. Десничарската популистичка Партија на напредокот забележа најголем раст на рејтингот во споредба со резултатите од парламентарните избори во 2021 година, со зголемување од 12,3, и сега е втора најсилна политичка партија во земјата со прелиминарни 23,9 отсто од гласовите.

Конзервативната партија на поранешната премиерка Ерна Солберг се најде на третото место со освоени 14,6 отсто, јавува ДПА.

Според прелиминарните резултати, партиите од левиот политички спектар, предводен од Лабуристите, освоија вкупно 87 места во норвешкиот парламент со 169 места, што им дава тесно мнозинство. За време на кампањата сите тие ветија дека ќе ја поддржат владата предводена од Сторе, кој е на власт четири години.

Околу четири милиони луѓе имаа право да гласаат на вчерашните избори. Излезноста на гласачите беше 78,9 отсто, покажуваат податоците на изборната комисија, објавени на нивната веб-страница рано утринава. Конечните резултати се очекуваат во наредните денови, јавува ДПА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата