Во авионот брзо се прошири хаос, а преплашените семејства и постарите патници беа затекнати од тепачка, објави ABC News.
Сведоците опишаа како гледале крв на седиштата и заби расфрлани по подот.
Хаосот започнал кога еден патник наводно се обидел да го грабне телефонот на друг.
Полицијата се качи во авионот откако принудно слета во Брисел и приведе две лица.
Патниците тврдеа дека еден од приведените бил многу пијан и давал расистички забелешки пред да се степа со кабинскиот персонал поради цигари.
„Во еден момент стана многу насилно. Патниците беа вознемирени. Луѓето беа исплашени. Атмосферата стана хаотична“, рече еден патник.
Пилотот подоцна им кажа на патниците дека во 30 години летање може да ги изброи своите итни слетувања на прстите од едната рака, додавајќи дека никогаш не видел толку насилен инцидент.
Авионот од Турција подоцна продолжил кон Манчестер по непланираното пренасочување.

