Кремљ: Нема конкретен рок за самитот Путин – Трамп

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремљ: Нема конкретен рок за самитот Путин – Трамп

- Ниту (Владимир) Путин ниту (Доналд) Трамп не објавија конкретен рок. И американската и руската страна изјавија дека ова може да потрае, посочи Песков, додавајќи оти подготовките за претседателската средба се сериозни.

Претходно, американски медиуми објавија дека е одложена средбата помеѓу шефовите на дипломатијата на САД и Русија, Марко Рубио и Сергеј Лавров. Со одложувањето на нивната средба се пролонгира и очекуваната средба на Трамп со Путин.

Рускиот заменик-министер Сергеј Рјабков наведе дека средбата Лавров – Рубио бара претходни подготовки.

- Не можеме да одложиме нешто што не е договорено. Не го потврдивме она што го пишуваа некои западни извори вчера. Немавме јасно дефинирано ни време ни локација за таква средба. Постои идеја за одржување на таква средба, истакна Рјабков. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата