Конзервативецот Насри Асфура води на претседателските избори во Хондурас

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конзервативецот Насри Асфура води на претседателските избори во Хондурас

Кандидатот на Конзервативната Национална партија, Насри Асфура, поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, води на претседателските избори во Хондурас откако беа преброени 34 проценти од гласовите, покажуваат денеска резултатите на изборната комисија. 

Шеесет и седумгодишниот Асфура е поранешен градоначалник на главниот град Тегусигалпа.

Поранешниот претседател на неговата партија, Хуан Орландо Ернандез, моментално отслужува 45-годишна затворска казна во САД откако беше осуден за трговија со дрога и огнено оружје.

Трамп во средата се осврна на тесната претседателска трка во Хондурас, поддржувајќи го Насри Асфур од конзервативната Национална партија, велејќи дека би можел да соработува со него во борбата против трговијата со дрога.

Од 2021 година, Хондурас е управуван од претседателката Ксиомара Кастро, која воспостави блиски врски со Куба и Венецуела, две земји заглавени во длабока економска криза и криза со човековите права, чии влади администрацијата на Трамп ги смета за диктатури.

Партијата на Асфура воспостави блиско партнерство со Вашингтон под водство на поранешниот претседател Орландо Хернандез, кој владееше од 2014 до 2022 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата