Конгресот на САД изгласа построги санкции против Русија

17.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конгресот на САД изгласа построги санкции против Русија

Претставничкиот дом на САД  гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис.

 Ова веројатно е најзначајната иницијатива на САД за поддршка на Украина откако Трамп се врати на функцијата: По Сенатот, и претставничкиот дом сега ги одобри новите санкции. Законот сега се нарекува „закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол.

 Десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот.

Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата