Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри

15.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри

„Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени.

Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати. 

Учениците од 11-то,последно, одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Според извештаите на медиумите, во автобусот што паднал во клисурата во рурална област недалеку од Сеговија имало околу четириесет патници.

Повредените се пренесени во болница. Според официјалните информации, повеќето од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години. 

„Денеска е тажен ден за Антиокија“, рече гувернерот. 

Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата истражува што довело до несреќата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата