Кобахиѕе во отворено писмо бара обновување на односите Грузија - САД

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кобахиѕе во отворено писмо бара обновување на односите Грузија - САД

Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе изрази загриженост поради недостатокот на комуникација на високо ниво и неодамнешните „непријателски“ законодавни активности, повикувајќи ја американската администрација да го преиспита својот пристап и да ја потврди својата поддршка за демократскиот развој и суверенитет на Грузија.

Кобахиѕе пред неколку недели испрати писмо до американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс за рестартирање на односите со САД.

Во писмото се потенцира долгогодишното стратешко партнерство на Грузија со САД, при што Кобахиѕе изрази надеж дека вистинската конфронтација со „длабоката држава“ ќе доведе до враќање на соработката и меѓусебната доверба помеѓу Тбилиси и Вашингтон.

- Пред неколку недели, ви се обратив со писмо за односите помеѓу САД и Грузија. На ова писмо му претходеа моите јавни изјави, во кои отворено ја изразив подготвеноста на Грузија да го обнови своето стратешко партнерство со САД. Но, не добивме одговор ниту на нашето писмо ниту на нашите јавни изјави. Покрај тоа, немаше комуникација на највисоко ниво помеѓу владите на Грузија и САД, истакнува Кобахиѕе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата