Клучна недела за руско-украинските преговори: Зеленски кај Макрон, Виткоф кај Путин

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клучна недела за руско-украинските преговори: Зеленски кај Макрон, Виткоф кај Путин

Целта е да се изгради единствена европска позиција за постигнување праведен и траен мир, кој нема да значи капитулација за Киев, а триумф за Москва. Состојбата внимателно се следи и во Брисел.

-Јасно е дека Русија не сака мир и затоа треба да ја доведеме Украина во што е можно посилна позиција, за да биде подготвена самата да се заложи за себе во овие многу, многу тешки времиња. Ова недела може да биде клучна за дипломатијата. , изјави Каја Калас, шефица на европската дипломатија

Паралелно со разговорите во Елисејската палата, американска делегација патува за Москва. Главниот преговарач Стив Виткоф утре седнува на маса со рускиот претседател Путин, откако вчера одржа долги разговори со украинската страна на Флорида, придружуван од државниот секретар. Марко Рубио соопшти дека разговорите биле продуктивни, но оти се се уште далеку од компромис. Дел од светските медиуми објавија дека засега ненадминливи остануваат територијалните прашања за статусот на анектираниот регион Донбас, кој Русија го сака за себе, како и прашањето Украина долгорочно да се откаже од членството во НАТО.

-Ние не сакаме само да ја завршиме војната, туку и да ѝ помогнеме на Украина да биде безбедна засекогаш. Значи, никогаш повеќе да не се соочи со друга инвазија. Мислам дека денеска надоградвивме некои работи, но има уште многу работа. Деликатно е и комплицирано. Има уште многу отворени прашања и секако, тука има и друга инволвирана страна што треба да биде дел од равенката. , изјави Марко Рубио, државен секретар на САД

Оружјето на терен не мирува. Киев соопшти дека најмалку четири лица загинале, а 20-ина се ранети во руски воздушен напад врз централниот украински град Днипро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата