„Кина ја осудува очигледната употреба на сила од страна на САД против Венецуела, што сериозно го крши меѓународното право и основните норми во меѓународните односи, го нарушува суверенитетот на Венецуела и го загрозува мирот и безбедноста во Латинска Америка и Карипскиот регион“, објави портпарол на кинеското Министерство на Икс.
Тој додаде дека Кина ги повикува сите страни да го почитуваат правото на Венецуела самостојно да го избере својот пат на развој и да работат за стабилност и враќање на редот во Венецуела.
Тој објави дека Кина го поздравува одржувањето на итен состанок на Советот за безбедност на ООН за нападот на САД врз Венецуела.
„Кина е подготвена да соработува со меѓународната заедница за цврсто да ја почитува Повелбата на ООН и основните принципи на меѓународната правда“, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Вчера, Кина ги повика САД да го ослободат Мадуро.

