Придружуван од двоецот Путин – Ким Џонг Ун, кинескиот лидер Си Џинпинг го означи почетокот на најголемата воена парада досега, што се толкува како моќен знак на пркос кон западниот свет додека плоштадот се тресеше под чизмите на 10 илјади војници.
На грандиозната парада по повод 80-годишнината од победата во Втората Светска војна продефилира најмодерното кинеско оружје, од беспилотни летала и нуклеарни балистички проектили преку подводни дронови и противбродски системи до популарните „роботски волци“. Кина е непобедлива, рече во Говорот кинескиот лидер пред 50 илјади луѓе.
-Кинеската нација е голема и кога се соочуваше со тешкотии, таа се бореше храбро и застана во одбрана и на својот народ и на човештвото. Денес, човештвото повторно се соочува со изборот помеѓу мир или војна, дијалог или конфронтација, победа за сите или нулта резултат. , изјави Си Џинпинг, претседател на Кина
По парадата следуваше две и пол часовна средба Путин – Ким Џонг Ун, кому ова му беше официјално само втора посета на странска земја за шест години. Рускиот лидер му се заблагодари за помошта на украинските боишта, каде се проценува дека учествувале 15 илјади севернокрејски војници.
-Никогаш нема да ги заборавиме жртвите што ги направија вашите вооружени сили и семејствата на вашите војници. Сакам да ви се заблагодарам во име на рускиот народ во заедничката борба против модерниот неонацизам. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија
-Ако има нешто што можам да направам за вас и за народот на Русија, ќе го сметам тоа за братска должност. , изјави Ким Џонг Ун, лидер на Северна Кореја
На социјалистичката трилатерала во Пекинг експресно реагираше Трамп, обвинувајќи ги троцеот за заговор против САД. Ве молам, упатете ги моите најтопли поздрави до Путин и Ким Џонг Ун додека правите заговори против САД, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Кремљ му возврати
Иронично е тоа што го кажа дека овие три лидери наводно спремале заговор против САД. Ниту еден од нив не заговарал ништо. , Јури Ушаков, помошник претседател на Русија
Во Пекинг дојдоа 26 шефови на држави и на влади. Единствени европски лидери беа словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ.