Ајхелсхајм во интервју за NOS изјави дека таков развој на настаните би бил директно од корист за рускиот претседател Владимир Путин и дека другите земји би можеле да добијат впечаток дека НАТО слабее, објави НЛ Тајмс.
Тој оцени дека ова е „најлошото можно сценарио“.
Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Холандија, Давид ван Вил, изјави дека холандскиот кабинет е „во близок контакт“ со Европската комисија во врска со одговорот на планот на Доналд Трамп за воведување царини од 10 проценти за сите холандски стоки од 1 февруари.

