Прашањето за збогатување ураниум е спорна точка во преговорите меѓу САД и Иран.
- Збогатувањето ураниум и понатаму е клучно за нуклеарната програма на Исламската Република, рече Хамнеи.
Ирански дипломат во понеделникот изјави дека Техеран е подготвен да го одбие американскиот предлог за завршување на деценискиот нуклеарен спор, бидејќи Вашингтон не го ублажува ставот за збогатување ураниум, ниту ги зема предвид интересите на Техеран.
Техеран тврди дека сака да ја совлада нуклеарната технологија за мирољубиви цели и ги негира обвинувањата на западните сили дека се обидува да развие нуклеарно оружје.