Кац: Израелските воени авиони го уништија седиштето за внатрешна безбедност на Иран

18.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кац: Израелските воени авиони го уништија седиштето за внатрешна безбедност на Иран

- Како што ветивме, ќе продолжиме да ги таргетираме симболите на власта (во Иран) и да го нападнеме режимот на ајатолахот, наведе Кац.

Претходно, израелската армија соопшти дека Техеран повторно е под напад и оти се напаѓаат воени цели на подрачјето на главниот град на Иран.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.

Според западните медиуми, кои сè уште имаат дописници во Техеран, густ чад се издига на над источните и југоисточните квартови на градот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата