Кандидатот на Демократската партија за претседател на Ј. Кореја, Ли Џе-мјанг, води во анкетите

28.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кандидатот на Демократската партија за претседател на Ј. Кореја, Ли Џе-мјанг, води во анкетите

Ли Џе-мјанг, претседателскиот кандидат на Демократската обединета партија, одржува голема предност меѓу кандидатите на изборите на 3 јуни, според анкета објавена денеска, цитирана од јужнокорејските медиуми.

Според анкетата спроведена од агенцијата Realmeter меѓу 1.505 возрасни лица над 18 години од среда до петок, Ли води со 48,5 проценти, што е за 1,7 процентни поени помалку од минатата недела. Неговата поддршка „малку се намали, паѓајќи под границата од 50 проценти поради неизвесноста околу исходот од случајот за прекршување на изборниот закон, но тој сè уште останува јасен лидер меѓу сите кандидати, рече анкетарот.

Следен на ред е поранешниот министер за труд Ким Мун-су од конзервативната Партија на народната моќ со 13,4 отсто, а по него е поранешниот градоначалник на градот Дегу, Хонг Џун-пјо, со 10,2 проценти. Поранешниот лидер на Народната моќ, Хан Донг-хун, освои 9,7 проценти.

Јужна Кореја ќе одржи претседателски избори на 3 јуни откако поранешниот претседател Јун Сук-јеол беше отстранет од функцијата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата