Канада гради нафтовод за да го зголеми бродскиот извоз на нафта во Азија

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канада гради нафтовод за да го зголеми бродскиот извоз на нафта во Азија

Нафтоводот ќе оди од Алберта, богата со нафтени наоѓалишта, до новото пристаниште за големи бродови на брегот на Тихи Океан во покраината Британска Колумбија.

Цевководот треба да биде изграден до јули 2026 година. Предвидени се консултации, особено со домородните заедници во областа, кои веќе се спротивставија на цевководот.

Стратегијата на Карни за диверзификација на трговијата и ублажување на ефектите од трговскиот спор со САД, предвидува поголемото отворање кон светските пазари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата