Земјотресот кој го потресе полуостровот Камчатка бил со јачини од речиси девет степени на рихтеровата скала и предизвикал цунами кој достигнал висина околу пет метри и се проширило и кон Јапонија.
-Нашите колеги од министерството за екологија дека брановите на цунамито се проценуваат дека биле високи 3 до 4 метри. Затоа, повторно апелирам до сите да останат подалеку од бреговите секогаш кога е објавена закана од цунами,- -Сергеј Лебедев .
За среќа досега загинати нема, освен неколку полесно повредни лица. Потресот предизвикал оштетување на неколку згради, урнал ѕид во градинка, а паднал и таванот на аеродром во погоденото подрачје.
Во Јапонија оштетени се неколку фабрики, а брановите од цунамито поплавија дел од источниот брег – од најсеверниот остров Хокаидо, до поголемиот дел од главниот остров Хоншу, вклучително и во близина на Токио.
Речиси два милиони луѓе во 21 префектура се под локални предупредувања за евакуација, а некои жители на Хокаидо се качуваат на покриви на згради за да избегаат од надојдената вода.. Како што велат експертите, ваков силен потрес немало во последните 14 години по земјотресот во Јапонија.
Беше многу, многу голем земјотрес. Во 2011 година го имавме земјотресот во Саи, Јапонија и секако знаеме каков беше резултатот. Но, знаете, секој земјотрес, секое цунами е различно, па затоа само започнуваме да надгледуваме од станиците за нивото на морето и се надеваме дека нема да ги видиме истите последици како што ги видовме во земјотресот во 2011 година кој беше дури и поголем од овој.- -Криста Фон Хилебранд.
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на американците да бидат во состојба на готовност поради опасноста од цунами, а првите бранови веќе ги погодија Хаваи и Алјаска. Последиците од потресот ги чувствуваат и неколку земји околу пацификот.