Јапонците в недела гласаат на предвремени парламентарни избори, фаворит е Такаичи

6.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонците в недела гласаат на предвремени парламентарни избори, фаворит е Такаичи

 Во Јапонија в недела ќе се одржат предвремени избори за Долниот дом на Парламентот, втор пат за помалку од една година, а анкетите покажуваат дека владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) на премиерот Санае Такаичи би можела да извојува убедлива победа и да го врати стабилното мнозинство.

Покрај ЛДП и нејзиниот коалициски партнер, Јапонската партија за иновации (ЈИП), на изборите силите ќе ги одмерат и Центристичкиот реформски сојуз - нова коалиција на Уставната демократска партија на Јапонија и партијата Комеито, Демократската народна партија - опозициска партија која се фокусира на социјалните и економските прашања, Јапонската комунистичка партија, Сансеито - ултраконзервативна партија.

На изборите ќе учествуваат и Конзервативната партија на Јапонија, Реива Шинсенгуми - помала прогресивна опозициска група, Социјалдемократската партија - помала левичарска партија, движењето Тим Мираи и новоформираната партија фокусирана на даночни олеснувања, Јапонската алијанса за даночни олеснувања и татковина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата