Истражен комитет: Тинејџерот кој го изврши нападот во училиштето во Московскиот регион се изјасни за виновен

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражен комитет: Тинејџерот кој го изврши нападот во училиштето во Московскиот регион се изјасни за виновен

Тинејџерот (15) кој утринава избоде чувар и ученик во училиште во Одинцово, во Московскиот регион, се изјасни за виновен за злосторството, изјави денеска портпаролката на Главната истражна управа на Истражниот комитет за Московскиот регион Олга Врадиј.

„Истрагата е во тек. Според прелиминарните информации, тој ја признава вината“, изјави Врадиј, пренесена од руските медиуми.

Тинејџерот со нож и маска на лицето нападнал чувар и ученик во училиштето „Успенскаја“ во Московскиот регион, а детето им подлегнало на повредите, објави претходно денеска Рускиот истражен комитет.

Според полицијата на Московскиот регион, повикот за вонредната состојба бил примен во 9:00 часот утринава.

Според извештајот, „еден ученик избодел чувар, го испрскал со бибер спреј, а потоа избодел 10-годишен ученик, кој починал од раните“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата