Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

– Очигледно е дека во вакви околности, додека ционистичкиот режим врши агресија врз иранскиот народ, нема логика да се разговара со страна која е најголем поддржувач и соучесник на агресорот, изјави портпаролот Есмаил Бакеи, пренесува Ал Џезира.

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, додаде дека „нема оправдување“ за продолжување на индиректните преговори додека трае „варварското однесување“ на Израел. Разговорите беа планирани за утре во Оман. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата