Гази и шутира цвеќиња и знамиња во чест на Кирк- група граѓани го совлада на самото место (ВИДЕО)

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гази и шутира цвеќиња и знамиња во чест на Кирк- група граѓани го совлада на самото место (ВИДЕО)

Сè се случило пред седиштето на конзервативната организација Turning Point USA во Феникс. Камерите на Fox News го снимија тинејџерот како оди и клоца предмети што луѓето ги оставиле во чест на Кирк. Собраните луѓе реагираа и го запреа тинејџерот. Видеото прикажува маж во сина поло маица како го фрла тинејџерот на земја.

Носел маица слична на онаа што ја носел убиецот

Полицијата го идентификуваше вандалот како 19-годишниот Рајдер Корал. Тој носел црна маица со американско знаме и орел за време на инцидентот. Таа маица наликува на онаа што ја носел Тајлер Робинсон кога го убил Кирк.

Корал моментално е во затворот во округот Марикопа. Тој е обвинет за кривично дело оштетување и нарушување на јавниот ред и мир, според наредникот за јавни работи на полициската станица во Феникс, Филип Крински.

„Полициските службеници веќе беа на местото на настанот за да помогнат во контролата на сообраќајот поради големиот број присутни луѓе“, објасни Крински.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата