Франција прогласи високо ниво на тревога поради птичји грип

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција прогласи високо ниво на тревога поради птичји грип

Француските власти го зголемија нивото на тревога поради ширење на птичји грип од средно на високо, и побараа од живинарските фарми низ целата земја да ја чуваат живината во затворен простор, предупредувајќи дека Европа се соочува со сезонска епидемија на болеста.

- Уредбата со која се наредува зголемување на нивото на тревога од средно на високо е издадена по докази за инфекција меѓу дивите птици преселници во Европа, вклучително и Франција, и потврдени епидемии на неколку живинарски фарми, соопшти француското Министерство за земјоделство.

Во соопштението на француското Министерство за земјоделство се потврдува дека досега се откриени две епидемии на птичји грип на француски живинарски фарми и три кај домашни одгледувачи.

Првиот случај на птичји грип беше откриен кон средината на октомври на фарма за фазани и еребици во северна Франција.

Високо патогениот птичји грип е сезонска болест што ја шират птиците преселници, која често предизвикува одгледувачите низ целиот свет да уништат десетици милиони птици.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата